Има ли спас за нас и што понатаму?
Знам дека секој еден од нас си го поставил прашањето, и не само од вчера. Има ли спас за оваа држава и народот во неа?
Јас сум убедена дека во Кочани имало некое „досадно, напорно“ чиче или тетка кои алудирале на проблемот со таа штала (дискотеката). Сигурна сум дека ги пријавиле низ годините, ако ништо друго - за бучава. И сигурна сум дека нивните пријави биле игнорирани, затурени низ фиоки, скинати, а ваквите луѓе иссмевани и омаловажени.
Што правел Инспекторатат за пазарна, за ЖС, што правеле УЈП, полицијата, локалната самоуправа...? Како е можно да сме толку дисфункционални? Пишав во друга тема, во Србија со месеци се протестира против режим и корупција, а Србите ти праѓаат амбулантни возила и помош. До која мера тогаш е Македонија пропаднато дно? Дали сме свесни колку сме очајни?
Ве молам, не пишувајте коментари - отсели се. Прашувам што да правиме понатаму ние што сакаме да останеме и да живееме во Македонија. Дали е доцна да се репрограмираме како општество? Дали има некаква надеж за сите нас? Свесни ли сме до која мера корупцијата е навлезена насекаде, и дека ништо не функционира? Како глумиме се` уште држава... се плашам дека ова не е ниту крајот од вакви трагедии.
Edit: И дали сериозно пола од нашиве „ѕвезди“, продадени души за тезга, алчни и лицемерни, бараат правдина и зборуваат за корупција и врски? Пола од нив умрени да се сликаат и дружат со синот на Мијалков, на свадба му играа... и зборат за правдина? На што дроги сте?